Радио Милева
непристојна понуда

Аца Лукас откри непознати детали за „Ѕвездите на Гранд“: „Мајките ми ги нудеа нивните ќерки само за да им дадам глас“

Аца Лукас откри непознати детали за „Ѕвездите на Гранд“: „Мајките ми ги нудеа нивните ќерки само за да им дадам глас“
фото: принтскрин/јутуб

Пејачот Аца Лукас во разговор за ало.рс откри што мисли за скандалите кои се случуваат во „Ѕвездите на Гранд“ каде што и тој некогаш беше дел од жирито.

„Никој не ги принудува кандидатите да доаѓаат на натпреварувањето и не знам зошто се крена толку голема фама. Родителите на тие деца мислат дека тоа што детето ќе им стане пејач во „Ѕвездите на Гранд“ ги решиле сите животни прашања и нема што да прават. Додека бев член во жирито гледав како мајки и татковци паѓаа во несвест кога детето нема да им помине, а да не зборувам за некои ситуации кои ги знам, а кои не се нормални“, изјави Лукас и откри за што се работи.

фото: aло.рс

„Мајките ги доведоа своите ќерки и ми ги нудеа нив и нивните телефонски броеви само да поминат понатаму. Никогаш не ги пријавив, но на тие девојки намерно не им дадов глас. Па не сум во таа фаза да мора на тој начин да имам односи и да имам девојки, тоа е надвор од паметот“, изјави Лукас.

Инаку, пејачот истакна дека моментално е сам и не заинтеренсиран за врска.

„Да бидам искрен немам тип на некоја девојка, мора да се случи магија, ми го сврти вниманието и да мислам на неа 24/7“, вели пејачот.

фото: принтскрин/јутуб

Потсетуваме, Аца Лукас пред неколку години беше дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“, а како што истакна како причина за негово напуштање е тоа што се презаситил и не сакал повеќе тоа да го работи.

Останати вести од Радио Милева