Радио Милева
ги „распука“...

Аца Лукас „мајчето им го расплака“ на колегите од жирито во „Ѕвездите на Гранд“: „Таму седат кловнови…“ (ФОТО)

Аца Лукас „мајчето им го расплака“ на колегите од жирито во „Ѕвездите на Гранд“: „Таму седат кловнови…“ (ФОТО)

Аца Лукас  за сите теми зборува без влакна на јазикот. Во емисијата „Десетка“ одговораше на бројни прашања, а беше жесток кога станува збор за темата  „Ѕвездите на Гранд“.

„Го напуштив жирито од многу причини. Една од нив е дека ми дојде преку глава, а другата  е дека идејата во која верував повеќе не постоеше. Оние деца кои дојдоа добија убава приказна, да се појават на телевизија, по три емисии тие станаа популарни, а тоа го немаше во мое време, ниту пред мене. Некои можеа да станат поголеми sвезди ако „Гранд“ сакаше да ги истретира како што треба. Од „Ѕвездите на Гранд“ единствени кои направија вистинска кариера се Милица Павловиќ и дозволете ми да се сетам на уште по некој. Милица беше единствената која направи вистинска кариера. Намерно ја изоставив Тања Савиќ, која можеше да биде најпопуларната пејачка во регионот, само ако ја третираа како што треба“ – рече Лукас, а потоа тој се осврна на судењето и жирито на популарно музичко натпреварување.

„Во „Гранд“ беше само потпиши го договорот, половина за мене, половина за тебе, па нека биде илјада евра, па потоа 500, а можеше да биде и 15.000 евра. Но, ајде, не сакав да се мешам во тоа, јас не сум тој што учествуваше, но кога се појави приказната дека ние шестмина од жирито станавме главна тема во тоа шоу, всушност шест кловнови кои нешто таму дрдорат,  никој веќе не се сеќава на тие деца што пејат, а и јас ги заборавив и оние тројца победници што ги познавав“ – вели Лукас и продолжува:

„Тоа е претстава со шест кретени, вклучително во кои бев и јас, шест кловнови кои изведуваат некои ‘керефеки’, а тие деца што пеат воопшто не се важни. Сега главните лица во шоуто се на  луѓето од жирито. Сега тие се расправаат со една девојка и тоа беше најзважно за медиумите. Додека бев јас во жирито, тоа шоу беше забавно, хумористично, а  сега се сведе на дерење и напади и скокање еден на друг. Во жирито има луѓе за кои мислам се најлошо, но нема да ги спомнувам. Излегов затоа што не сум тип да им наплаќам на децата божем за совети, а го има и тоа, што е лигаво“ – резимира Лукас на тема жирито во „Ѕвездите на Гранд“.

Фото: Инстаграм принтскрин/zvezde_granda_2021/aleksandar_vuksanovic_off

 

Останати вести од Радио Милева