Радио Милева

Аца Лукас ја откри вистинската причина за заминувањето од „Ѕвездите на Гранд“

Аца Лукас ја откри вистинската причина за заминувањето од „Ѕвездите на Гранд“

Аца Лукас повеќе не е дел од „Ѕвездите на Гранд“ каде што беше дел од жирито пет години.  Во медиумите се шпекулираше дека си заминал поради кавга со колегите и со директорот на Гранд, Саша Поповиќ, Лукас ги откри вистинските причини за заминување.

„Не сум во жири бидејќи не ми се седи таму. Ме мрзи да седам и да снимам по цел ден, вели Лукас и објасни како ја прекинал соработката со Поповиќ.

фото: србија данас

„Само Саша Поповиќ и јас ги знаеме вистинските причини, а што се однесува до мене ќе остане тајна.  Му пратив долга порака во која му кажав се што имав и му кажав да не смета на мене оваа сезона. Што се однесува до порака, никогаш нема да излезе во јавност, откри пејачот.