Радио Милева

Аца Лукас и одржа лекција на Луна Ѓогани: „Немој да зборуваш бидејќи првпат влегуваш во студио“, а го спомна и Дарко Димитров

Аца Лукас и одржа лекција на Луна Ѓогани: „Немој да зборуваш бидејќи првпат влегуваш во студио“, а го спомна и Дарко Димитров
фото: Принтскрин/јутуб

Победничката на „Задруга“, Луна Ѓогани и пејачот Аца Лукас беа гости во емисијата „Амиџи шоу“.

Меѓутоа, Лукас не беше премногу фин кон Луна.

Имено, во еден момент Луна и Огнен разговараа за нејзината прва песна при што Луна истакна дека продуцентот Дарко Димитров кој и ја правеше песната е најдобар од сите.

фото: Принтскрин/јутуб

Аца не се согласи со мислењето на Луна и откри зошто тоа не е така.

„Јас морам да ти кажам, Луна не се лути, но како постар колега морам да ти укажам на една грешка. Немој да зборуваш кога првпат влегуваш во студио, не може по тебе да биде најдобар Дарко Димитров кога немаш работено ниту со еден друг продуцент“  изјави Лукас.

За потсетување, Луна ја издаде својата нова песна „Девети круг“, а продуцентот Дарко Димитров се погрижи за аражманот на песната.

Останати вести од Радио Милева