Радио Милева

Аца Лукас и екс- сопругата Соња повторно заедно: Пејачот ги однесе во Рим каде пееше заедно со Цеца на ромската свадба (фото)

Аца Лукас и екс- сопругата Соња повторно заедно: Пејачот ги однесе во Рим каде пееше заедно со Цеца на ромската свадба (фото)
фото:принтскрин/инсатграм

Според српските медиуми, пејачот Аца Лукас и неговата поранешна сопруга со која ја има ќерката Викторија, Соња Вуксановиќ, наводно се повторно заедно.

Пејачот ги однел поранешната сопруга и ќерката со себе во Рим, каде и тој настапил на луксузната ромска свадба заедно со Цеца и други поп-везди.

“Сите сме убедени дека Соња и Лукас се повторно заедно. Слушнавме дека тој е во Рим со неа, но тој не ја донесе на свадбата. Тој пееше само еден час. Таа веројатно престојуваше во хотелот со Викторија. Мојот колега тој рече дека ги видел заедно во еден италијански ресторан, но се срамел да им се јави “, рече пријател на Лукас.

 

View this post on Instagram

 

#romeisbeautiful❤️

A post shared by SONJA • VUKSANOVIC (@sf__fashion__style) on

Овие приказни беа дополнително разгорени од Соња, која на својот профил на Инстаграм објави фотографија од Рим, но без Лукас. Случајност или не?!

За потсетување, Аца и Соња се венчаа во 2010 година, а седум години подоцна решија да се разведат. Нивниот развод траеше цели две години и беше доста бурен, проследен со бројни скандали. Сепак, и по разводот, Лукас не криеше дека ја сака Соња повеќе од која било друга жена, а Соња го задржа презимето и по разводот.

Останати вести од Радио Милева