Радио Милева

Аца Лукас без влакна на јазикот проговори за поранешната сопруга, Брена, Поповиќ…а еве што вели за враќањето во „Ѕвездите на Гранд“

Аца Лукас без влакна на јазикот проговори за поранешната сопруга, Брена, Поповиќ…а еве што вели за враќањето во „Ѕвездите на Гранд“
фото: принтскрин/амиџишоу

Пејачот Аца Лукас во интервју за курир.рс проговори за неговата ќерка Викторија, каков му е односот со неговата поранашена сопруга, призна дека му здосадил и животот во куфери, но проговори за Лепа Брена и Саша Поповиќ.

Фолк пејачот откри како го поминува времето во карантин.

„Ние пејачите живееме од викенд за викенд, се’ тоа е проклето и парите се проклети. Овој карантин ми ги отвори очите. Кога ќе се вратиме во нормала, го менувам ритамот. Никогаш повеќе нема да работам толку многу“ вели Лукас и додава дека и по вонредната состојба ќе биде дома.

фото: дамир дервишагиќ

Тој проговори и за својата колешка Лепа Брен и откри дали го следел нејзиниот настап пред Собранието.

„Не го гледав концертот бидејќи не слушам таква музика, а и имав попаметна работа. Од друга страна, сигурен сум дека голем број на луѓе го следеле нејзиниот настап бидејќи таа е голема ѕвезда. Толку од мене за Брена“ вели Лукас.

На прашањето дали постои услов под кој би се вратил во „Ѕвездите на Гранд“, пејачот вели:

„Мислам дека беше доволно од мене. Не гледав „Ѕвездите на Гранд“ кога и јас бев во жири, а и сега не ги гледам. Заминав во оној момент кога мислам дека им здосадив на луѓето. Мислам дека не се гледа толку таа емисија, им стана здодевна на луѓето. Имав недоразбирања со Саша, но не си заминав поради тоа. Не размислувам за тоа, за мене беше убава работа и така заврши“ вели Аца.

фото: соња спасиќ

Лукас исто така објасни дека често се гледа со своите деца и дека на неговата ќерка Викторија и помага да учи германски јазик.

Тој откри каков е неговиот однос со неговата поранешна сопруга Софија Вуксановиќ.

„Се’ е одлично, се’ е супер. Најважно е дека често ја гледам ќерката Викторија“.

На прашањето што се случува на љубовно поле, пејачот вели:

„Можам да кажам дека сум задоволен“.

Останати вести од Радио Милева