Радио Милева

24 часа пред камери: Гоца Тржан и нејзиниот сопруг oд септември ќе имаат свое реално шоу!

24 часа пред камери: Гоца Тржан и нејзиниот сопруг oд септември ќе имаат свое реално шоу!
фото: принтскрин/инстаграм/гоцатржан

Пејачката Гоца Тржан одлучи да учествува во реалити проект кој ќе го следи нејзиниот живот.

Од септември ќе може да следите како изгледа секојдневието на Гоца Тржан и нејзиниот сопруг Раша Новаковиќ. Реално, искрено и вистинито. Со сите згоди и незгоди.

Пејачката ексклузивно го најави проектот кој ќе трае 12 месеци.

фото: принтскрин/инстаграм/гоцатржан

„Дојдов на идеја да направам „talk show“ во кое ќе зборуваме со колегите од јавниот свет за работи за кои најверојатно никој не ги прашал. За водителите само ги знаеме само најопштите работи, биографски информации и тие го испрашуваат соговорникот, а да можам да ги прашам своите гости и пријатели  за сексуланиот живот, на пример, во емисијата „Мојот совршен брак“ ќе мора да се прикажам себеси. Ќе бидат тоа епизоди од нашиот живот, од нашата куќа, со нашата ќерка, пријатели. Тоа не е серија, тоа е наш живот“, вели Гоца.

Како што вели нема да има „фолирање“ туку вистински живот.

„Иако емисиите може да се наречат реалити, ние не сме Кардашијан, тие не одат на пазар, не готват ручеци“ додава Тржан.

фото: принтскрин/инстаграм/гоцатржан

Емисијата ќе се емитува од понеделник до сабота, а еднаш неделно Гоца ќе води специјална емисија во која своите гости ќе ги праша се’ она што ја мачело, нервирало во текот на претходната недела.

По тој повод се огласи и пејачката на социјалните мрежи и ја сподели најавата за нејзиното реалити.

„Мојот совршен брак. Дали постои или не? Ќе се обидеме да одговориме на ова прашање со разни примери од нашиот брак. Се гледаме од 15.09 на К1 телевизија“, напиша пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goca Tržan (@gocatrzan) on