Радио Милева
„Ма каква Касандра!“

Рада Манојловиќ се огласи и реши да открие дали ја обновила врската со Милан Станковиќ

Рада Манојловиќ се огласи и реши да открие дали ја обновила врската со Милан Станковиќ

Во српските медиуми на големо се пишува за наводното помирување на пејачката Рада Манојловиќ со колегата Милан Станковиќ, по раскинувањето со Харис Берковиќ.

Како што пишуваат, Рада и Милан наводно заедно посетуваат манастири, па дури добиле и благослов за помирување.
Сега Рада проговори и ја откри вистината за наводното помирување со Станковиќ.

– Не е точно, се разбира, но морам да му оддадам почит на авторот, една од најсилните сапуници и заплети, каква црна „Касандра“. Цел ден се смеам – коментирала Рада и со тоа ставила крај на шпекулациите.

Да потсетиме, Рада и Милан се зближија за време на музички натпревар „Ѕвездите на Гранд“, а потоа се здружија во август 2008 година на заедничката летна турнеја во Црна Гора. Поради големиот притисок од медиумите, парот раскина во март 2009 година, за да се смират во август истата година, а потоа почнаа да живеат заедно. Многумина ги обвинија дека нивната врска е само маркетиншки трик. Медиумите во 2011 година пишуваа дека парот ќе се венча, но тоа не се случи, а ситуацијата во нивната врска почна да се влошува. Станковиќ набрзо се иселил од станот во кој живеел со Манојловиќ, а тоа било знак дека навистина раскинале. По раскинувањето со Рада, Милан ја обвини пејачката дека го изневерува, но тие останаа пријатели.

Останати вести од Радио Милева