Радио Милева

Рада Манојловиќ доживеала нервен слом на аеродром: Пејачката го загубила куферот, а внатре имала една вредна работа

Рада Манојловиќ доживеала нервен слом на аеродром: Пејачката го загубила куферот, а внатре имала една вредна работа
фото: Принтскрин

Пејачката Рада Манојловиќ по настапот во Швајцарија слетала на аеродром во Белград каде што сфатила дека го загубила својот куфер во кој имала една вредна работа.

Имено, пејачката на аеродром  забележала дека  и го нема нејзиниот куфер во кој се наоѓал микрофон од 5 000 евра.

„Кога и да оди на пат, Манојловиќ не носи многу работи. Со себе ќе носи еден или два фустани, два пара чевли, шминки, облека и обувки за пат. Но, каде и да оди, Рада со себе го носи и својот микрофон кој го купи пред една година, а за истиот одвои огромна сума на пари“ вели извор близок на пејачката и додава:

фото: принтскрин/инстаграм

„Бидејќи секој викенд настапува во странство, Рада микрофонот го носеше во една кутија во куферот. Така беше и овој пат, но не ни помисли дека ќе ги загуби своите работи на аеродром“  вели изворот и објаснува дека пејачката веднаш напишала пријава за изгубени работи.

„Кога слета во Белград требаше само да ги земе работите и да си замине од аеродром, но работите не беа онака како што планираше“, вели изворот.

Пејачката  повеќе од половина час чекала на аеродром за да го најде својот куфер, но бидејќи тоа не се случило, таа  напишала пријава. Рада неколку пати нагласила дека во куферот има скап микрофон и дека ќе направи хаос ако истиот не се појави.  Службениците и одговориле дека сите работи ќе и бидат вратени, но мора да почека неколку дена.

фото: принтскрин/инстаграм

„За секој пејач важен е микрофонот, а Рада долго време го бираше својот микрофон. Таа се советуваше со колегите и не сакаше да штеди, па истиот го плати 5 000 евра“ тврди изворот.

Манојловиќ не се огласи по повод овие пишувања.

Останати вести од Радио Милева