Радио Милева
раскинуваат,па се смируваат

„Пуштена е“ – Нино Челебиќ одговори на прозивките по раскинувањето со Теодора Џехверовиќ (фото)

„Пуштена е“ – Нино Челебиќ одговори на прозивките по раскинувањето со Теодора Џехверовиќ (фото)

Кошаркарот Нино Челебиќ објави и сподели на Инстаграм фотографија со интересен опис, а некако пак  излезе приказната за неговата поранешна девојка Теодора Џехверовиќ.

Имено, тој по повод роденденот објави фотографија и напиша „32, но сепак свежо“.

Под фотографијата имаше коментари, но еден коментар предизвика негова реакција.

– Воопшто не си за Теодора и остави ја на мира, ти си во тој црн нарко свет на таа демонска музика, ја расипуваш светлината со темнина.. Нејзе ѝ треба некој кој е полн со светлина, живот и успех, само пушти ја, заради неа…“, додаде девојката под фотографијата, на што тој одговори:

– Важи, пуштена е.

Да потсетиме, Теодора Џехверовиќ и Нино Челебиќ раскинаа по жестока расправија, која ја започнаа поради нејзината кариера. Како што дознава Курир.рс од добро информиран извор близок до пејачката, нивното раскинување не е маркетиншки трик, како што во изјава за медиумите посочи нејзината мајка Гоца.

Сепак, според приказната на изворот, нивните заеднички пријатели се надеваат дека сепак тука не е крајот и дека двајцата ќе се помират иако сега не разговараат. Досега неколку пати насилно раскинуваа, но по неколку дена се смируваа и ја продолжија врската како ништо да не се случило, па веруваат дека така ќе биде и овој пат.

Џехверовиќ пред ова раскинување посакувашедури и да направи свадба до крајот на годината, но немаше време да организира се, па планираше да се венчаат на пролет следната година.

Фото:Принтскрин/Инстаграм

Останати вести од Радио Милева