Популарниот холивудски пар Џенифер Лопез и Бен Афлек со приватно такси допатувале на 78 издание на филмскиот фестивал во Венеција.
Тие пристигнале на премиера на филмот „The last duel“ во кој Афлек има улога.
Двојката не ја пропуштила приликата да покажат колку се заљубени, па дури и прегрнати пристигнале на фестивалот.
За ова прилика тие се одлучиле за црна и бела комбинација. Имено, Џенифер била облечена во бел фустан во комбинација со црни сандали и чанта. Бен бил облечен во црна комбинација.
Инаку, откако во мај ја обновија старата љубов, Бен и Џенифер се неразделни – своето слободно време го поминуваат заедно, сами или со децата.
фото: Профимедиа
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.