Радио Милева
„останете така“

Првпат ќе застане пред „музичкиот суд“ во „Гранд“: Овој Македонец е еден од учесниците во новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“

Првпат ќе застане пред „музичкиот суд“ во „Гранд“: Овој Македонец е еден од учесниците во новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“

Неодамна започнаа снимањата на новата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Оваа година во музичкото шоу ќе има промени, како промена во жирито, така и промена во правилата. Имено, Јелена Карлеуша ги напушти „Ѕвездите на Гранд“, а на нејзино место дојде фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ.

Покрај тоа, во првиот круг жирито нема да може да ги види кандидатите, туку пред нив ќе има ѕид кој ќе се крева и спушта во зависност од гласовите. Исто така во првите 3,4 круга нема да има стари претставници од музичкото шоу туку ќе бидат потполно нови учесници кои досега не се појавиле на сцената на Гранд.

Еден од нив и е Македонецот Омар Џаферовски. Тој на својот „Инстаграм“ објави фотографија пред постерот на „Ѕвездите на Гранд“, а во описот напиша: „Останете така“.

Омер доби поддршка од нашо пејачи, кои исто така имаат учествувано во музичко шоу меѓу кои Лина Пејовска, Огнен Здравкоски….

Ова е негово прво појавување во „Ѕвездите на Гранд“, а како ќе помине останува да видиме.

Инаку Омар Џафероски, роден на 26.06.2001 година во Чикаго, САД. Живее во Скопје, Завршил нижо (основно) музичко училиште во ДМБУЦ “Илија Николовски Луј” во Скопје, на инструмент пиано. Уште од најрана возраст учествува на детски фестивали “Супер Ѕвезда”, а на меѓународниот арт фестивал “Езерски Бисери” во Струга освоил “Лауреат 3 степен”. Учествувал на повеќе локални, регионални и училишни натпревари и има освоено видни резултати. Исто така ја претставуваше Македонија на интернационалниот фестивал “Каунас талент” во Каунас, Литванија.

фото: принтскрин/инстаграм/омар џаферовски/звездегранда

Останати вести од Радио Милева