Радио Милева
им се обрати на фановите

Прво огласување на Марија Шерифовиќ после скандалот: „За народот веќе немам нерви “ (фото)

Прво огласување на Марија Шерифовиќ после скандалот: „За народот веќе немам нерви “ (фото)

Марија Шерифовиќ неодамна се најде во центар на еден скандал кога социјалните мрежи и домашната јавност беа шокирани од видеото на кое се гледа како се расправа на улица во Белград, пред автомобил запрен на сред пат. Јасно се слуша како Марија пцуе, а потоа се приближува до автомобилот и удира со тупаница во стаклото.

Пејачката само еднаш зборуваше за медиумите, потврдила дека е таа на видеото, но не сакала да ги открие деталите од инцидентот. Сега Шерифовиќ ги изненади сите кога реши да го искористи Инстаграм за да комуницира со своите следбеници и да одговори на сè што ги интересира па одговараше на различни прашања.

– Сфатив дека немам повеќе нерви за овој народ, сите сакаат да бидат видени што е можно повеќе, што е можно подобро, сакаат се да експлодира на сите страни, а никој нема динар! Што е тоа, што е тоа?! Всушност, едноставно е, тоа се само комплекси – започна Марија, но нејзината приказна не заврши тука.

Марија се фати и  за учесниците на „Ѕвездите на Гранд“.

– Заклучив нешто друго, а тоа е дека во „Ѕвездите на Гранд“ јас умирам со тие деца, обидувајќи се да ги направам што е можно подобри луѓе, пејачи, изведувачи и толкувачи, а потоа завршува тој натпревар и потоа додека ги гледаш нивните постапки како минува времето, всушност забележуваш дека тоа било само губење време. Се разбира, чест на исклучоците кои се ултра ретки. Во исто време, тоа е веројатно затоа што никој нема идеја, никој нема мозок, никој не сака нешто големо, никој не сонува и се гледа себеси некаде. Добро, јас разбирам и дека треба да живееш и да наполниш гориво, да купиш пелени, сето тоа го разбирам, но ако веќе гледаш дека имаш предиспозиција да бидеш нешто поголемо отколку што ти нуди овој момент, тогаш се надевам ќе направиш сè за ова на светот… не знам – рекла пејачката.

Фото:принтскрин/Инстаграм/Марија Шерифовиќ/Јутјуб

Останати вести од Радио Милева