Радио Милева
Терапијата го решила проблемот

„Првите симптоми ме натераа веднаш да се јавам на лекар“: Цеца отворено проговори за здравствениот проблем со кој се соочила

„Првите симптоми ме натераа веднаш да се јавам на лекар“: Цеца отворено проговори за здравствениот проблем со кој се соочила

Покрај бојата на гласот и вокалните способности на кои многумина можат да и позавидат, балканската дива важи за една од најубавите дами на српската јавна сцена, а својата линија со години успешно ја одржува и благодарение, меѓу другото, и на здравата исхрана.

Меѓутоа, пред неколку години здравјето на Цеца Ражнатовиќ беше сериозно загрозено и изгледаше како да качила некој килограм повеќе. Виновни беа хормоналните проблеми, за кои таа отворено зборуваше.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

– Изгледаше дека многу се здебелив. Откако се погрижив за тој здравствен проблем, телото ми се врати и сите ми велеа дека сум преполовена. Имам нерамнотежа на женски хормони. Моето тело сигнализираше дека нешто не е во ред. Кога ги забележав симптомите, веднаш се консултирав со лекар. Регулирав се и повеќе не отекував. Тој оток ми беше најголемиот проблем – изјави тогаш Цеца, која со совет на лекар и соодветна терапија си го врати здравјето и фигурата.

Здравствената состојба на Цеца Ражнатовиќ сега е во најдобар ред, изгледа подобро од било кога, многу настапува, па нема страв дека проблемите ќе се вратат.Пејачката се труди и да ја подигне свеста кај жените и секогаш кога има можност, таа советува секоја дама навреме да изврши превентивни прегледи.

фото:Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

Останати вести од Радио Милева