Живот и Стил

Првите фотографии од луксузниот „Aston Martin“ пентхаус: Се наоѓа во Мајами, во зграда со над 60 катови

Првите фотографии од луксузниот „Aston Martin“ пентхаус: Се наоѓа во Мајами, во зграда со над 60 катови

Во процесот на градењето биле вклучени и фирмите „Revuelta Architecture“ со седиште во Мајами, како и „Bodas Mian Anger“ од Аргентина.

Пентхаусот е категорија којашто во последно време е многу популарна поради тоа што пандемијата „натера“ многу од луѓето со подлабок џеб себеси да си создадат рај од домот.

Во поголем дел од 2020 година луѓето не можеле врвни услуги да добијат во хотелите или пак луксузните апартмани ширум светот поради карантините, па така се јавила и идејата за креирање на свои оази на мирот.

Главно станува збор за луксузни пентхауси со базени, џакузи… Сепак, луксузниот бренд на автомобили, „Aston Martin“, со својот проект успеал да надмине многу од светските идеи.

За овој пентхаус се зборува години наназад, а сега е познато и како изгледа внатре.

Купувачот на луксузниот пентхаус добива и клучеви од моделот автомобил „Aston Martin Vulcan“ лансиран во 2015 година, сo две врати и две седишта.

Новиот комплекс на апартмани на британскиот бренд се наоѓа во Мајами (Флорида, САД) и го носи името „Aston Martin Residences“.

Има над 60 катoви, а проектот се води под брендот „Aston Martin“, сепак не се сите делови од зградата дизајнирани од страна на таа компанија.

Во процесот на градење биле вклучени повеќе фирми, а истиот нуди 391 апартмани, приватни лобија, фитнес-центар и има поглед кон заливот Biscayne Bay.