Радио Милева
среќна

Први фотографии: Вака изгледа Ана Севиќ во петиот месец од третата бременост (фото)

Први фотографии: Вака изгледа Ана Севиќ во петиот месец од третата бременост (фото)

Пејачката Ана Севиќ е бремена по третпат и наскоро повторно ќе се реализира во улогата на мајка.

Ана го очекува своето трето дете, а второ со нејзиниот сопруг Даниел Недељковиќ.

Се појавија и првите фотографии од бремената пејачка. Имено, екипата на „Папарацо лов“ ја уловиле Ана на прошетка со сопругот и нивната десетмесечна ќерка Сена.

Среќното семејство уживало во есенски ден на Калемегдан, а парот за оваа прилика бил совршено облечен и ги усогласил есенските стајлинзи.

Ана првпат се прошета со трудничкиот стомак, а како што пишува телеграф.рс таа е во петиот месец од бременоста.

За потсетување, Ана и Даниел пред неколку месеци ја добија ќерката Сена, а од претхондиот брак со Дарко Лазиќ ја има ќерката Лорена.

По две ќерки, овојпат Ана ќе стане мајка на момче.

Останати вести од Радио Милева