Промотер

„Знам дека постоиш“ – третиот сингл на Стефан Манасиевиќ (видео)

„Знам дека постоиш“ – третиот сингл на Стефан Манасиевиќ (видео)

Младиот Стефан Манасиевиќ деновите преку интернет каналот Јутјуб и социјалните мрежи на својата публика и го претставува неговиот трет сингл по ред, насловен „Знам дека постоиш“.

Песната е комплетирана и со видео спот, а истата е комплетно авторско дело на Иван Петровски. Продукцијата пак е на Горан Гешовски, додека придружните вокали ги отпеа Полина Тасева.

За визуелизацијата беше задолжена Христина Трајкоска, а покрај Стефан се појавува и танчерката Стефани Пецалевска, како и танчерите од „Битрикс кру“.

„Знам дека постоиш, безгрижно чекориш. Низ време патуваш, спомени пишуваш“, пее Манасиевиќ во новата песна, која доаѓа по првенчето „Твојот свет мистерија“ и „Птицо одлетај“, а како изгледа и звучи сето тоа, дознајте во продолжение: