Промотер

За „RGB“ љубовта инспирира кога „Ти не си ти“ (видео)

За „RGB“ љубовта инспирира кога „Ти не си ти“ (видео)

„Ти не си ти“ е најновата песна која момците од поп-рок бендот „RGB“ ја промовираат заедно со видо спот.

Продукцијата е на Милош Краљевски, додека режијата и монтажата на спотот се на Владимир Митревски –Ѓуле.

Инаку, бендот е формиран во Крива Паланка во 2014 година, а го сочинуваат: Мартин Николовски (вокал, гитара), Александар Михајловски (бас), Александар Станковски (гитара), браќата Александар (гитара) и Милиош Краљевски (тапани).

Првиот сингл на бендот “Убаво е” беше издаден во 2014 година, по што продолжија да работат на првиот студиски албум “Мамурни утра” (2017), кој го следат композициите “Разбуди се” и “Уморен од се “.

Во продолжение слушне ја „Ти не си ти“: