Промотер

За Давид Темелков – „Светот се промени“… нашиот пејач сврте на фанк! (АУДИО)

За  Давид Темелков – „Светот се промени“… нашиот пејач сврте на фанк! (АУДИО)

Откако се проби на регионалната сцена со учеството во регионалниот „Х фактор“,  Давид Темелков одлучи својата кариера да ја гради во Хрватска, каде што изминативе неколку години соработува со едни од најреномираните музички автори. Од перото на Мирослав Рус досега произлегоа неколку одлични балади и теми во претежно поп-стил, а сега се чини дека време е за мало освежување и нова насока.

Имено, талентираниот пејач деновиве ја промовираше својата најнова песна насловена „Свијет се промијенио“ или „Светот се промени“, која е во фанки-стил и отвора ново поглавје во кариерата на Темелков.

„Многумина се изненадија кога ме слушнаа во вакво издание, а мене ми е мило што имам автор кој може да ги изрази сите колорити од мојот пејачки капацитет и му благодарам на Бога за тоа. Пораката од песната е јасна, љубовта не може да исчезне, можеме само да не ја дадеме. Секој, па и најстудените срца, во моменти на слабост сакаат да бидат сакани, впрочем, како и сите ние“ – порача нашиот пејач.

Песната засега ја има само на хрватски јазик, но се надеваме дека ќе имаме можност да ја слушнеме и на македонски, а како звучи „Свијет се промијенио“ дознајте во продолжение.