Промотер

„Водолија“ потсетува дека овој живот е – „Само еден“ (ВИДЕО)

„Водолија“ потсетува дека овој живот е – „Само еден“ (ВИДЕО)

Македонскиот поп-рок бенд „Водолија“ предводен од гитаристот и автор Ристо Апостолов има нова песна и видео за неа. Насловот на новото парче музика е „Само еден“.

Музиката текстот и аранжманот се на фронтменот на групата Ристо Апостолов кој воедно е и режисер и монтажер на видео записот за истата.

Спотот се снимаше во просториите на Универзитетот за аудиовизуелни уметности – Есра,  а за техниката се погрижи Деосол Медиа.

Во спотот покрај Ристо се појавуват и стандардните членови на составот: бас гитаристот Бојан Митановски и атрактивната тапанарка Весела Христовска.

Овој пат  таа во видеото наместо зад тапаните, ја има  улогата на женски секси модел чии сценски движења имаат елементи на пантомима.

Како сето тоа звучи иизгледа во „Само еден“ на групата „Водолија“, проследете во продолжение: