Промотер

Влатко Стефановски го најави новиот албум со пилот синглот – „Огледало“… на душата (ВИДЕО)

Влатко Стефановски го најави новиот албум со пилот синглот – „Огледало“… на душата (ВИДЕО)

Македонската гитарска легенда, музичар и композитор Влатко Стефановски  вчера, петок 13 ноември 2020 година  ја промовираше темата „Огледало”, новата песна како пилот сингл од најавениот нов албум на Стефановски.

Албумот „Taftalidze shuffle” e во издание на  „Кроација рекордс“, a во продажба ќе излезе една недела подоцна или поточно на 20-ти ноември. Новиот албумот го доби името по скопската населбата Тафталиџе во која  Влатко со своето семејство живее  со децении. Во рамките на неговиот дом, Стефановски го смести и неговото тонско студио „Езотерија” во кое и е сниман овој албум.

Разбирливо, комплетен автор на „Огледало“ е самиот Влатко (музика, текст, аранжман), а песната е визуелизрана со интерсно лирик видео, проткаено со природни пејсажи, природни убавини како синоним за женската убавина, но и и убавината на душата која се огледува во погледот како во огледало, додека чекор по чекор, миг по миг, времето и животот неизоставно минуваат.

Симболика која мошне интилигентно и ненаметливо е вткајан и вклопена како своевидна симбиоза помеѓу музиката, визурата и испишаните стихови на темата „Огледало“, за која визуелизацијата ја потпишуваат од „CroRec Digital“.

Во нетрпеливо очекување да ги слушнеме и останатите песни од новиот албум на Влатко Стефановски – „Taftalidze shuffle”, премиерно проследете ја најавната тема „Огледало“.

Останати вести од Промотер