Промотер

Влатко Миладиноски низ песна се пожали – „Се ми снема“ (ВИДЕО)

Влатко Миладиноски низ песна се пожали – „Се ми снема“ (ВИДЕО)

Пејачот кој неодамна среде северниот дел на Грција, во Егејскиот дел на Македонија ги крена Македонците на нозе, па натера и старо и младо оро да заигра пеејќи им: “Велат не нема, ама еве сме, македонски песни гордо пееме”… неодамнавизуелизираше и една своја постара песна.

Влатко Миладиноски неодамна одново ја промовираше заедно со видеото за истата, насловена: „Сè ми снема“, со која настапи на фолк-фестивалот „Валандово“. Музиката и аранжманот се на неговиот брат Златко Миладиноски, а стиховите ги потпишува Борче Нечовски, додека видеото го изработи екипата на „Арт студио“.

Снимањето се одвиваше кон крајот на минатата година, на повеќе македонски локации кои ги прикажуваат  убавините на Маврово и Водно.

Покрај Влатко, во спотот се појавуваат и дел од членовите на групата „Интермецо“. Миладиноски во моментов е зафатен и со бројни настапи ширум дијспората, како што е претстојниот осмомартовски концерт во Амстердам, Холандија, после што ќе следи големата турнеја низ Австралија.

Новото видео за „Сè ми снема“ можете да го погледнете во продолжение.