Промотер

Влатко Лозаноски на Македонците во дијаспората им ги посвети своите „Километри“ (ВИДЕО)

Влатко Лозаноски на Македонците во дијаспората им ги посвети своите „Километри“ (ВИДЕО)

„Километри бројам, дале-далеку од себе, километри одам, дале-далеку од тебе, далеку од дома, далеку од сè што имам, од сè што имам“, пее  Влатко Лозаноски во штотуку објавената нова песна насловена едноставно „Километри“, чии автори се неговите долгогодишни соработници Лазар и Магдалена Цветкоски.Километри“ е визуелизирана со видео што го изработи битолската продукција „Веста“, а е снимано во струшкиот хотел „Изгрев“.

„Текстот на песната е доста емотивен и сигурен сум дека во неа ќе се пронајдат многу луѓе, особено оние кои не живеат повеќе во својата татковина“ – вели Лозано.

Инаку новата песна ќе биде сместена на претстојниот, трет по ред студиски албум, симболично насловен „Десет“ по повод јубилејот од 10 години кариера на кичевчанецот со златно грло, која започна со учеството на музичкиот натпревар  „Мак ѕвезди“. Изданието ќе содржи 10 песни, дел од нив веќе познати за јавноста, а за една од песните стиховите ги потпишува неговата сестра Марија Лозаноска. „Десет“ ќе ги наследи „Преку седум мориња“ од 2012 и првенчето „Лозано“ од 2010 година.