Промотер

Влатко и Силви од „Силви бенд“ се дефинитивно – „Неразделни“ (АУДИО)

Влатко и Силви од „Силви бенд“ се дефинитивно – „Неразделни“ (АУДИО)

Познатите Силвана Мучиќ и Влатко Плевнеш или обајцата членови на легендарното семејно македонско поп дуо „Силви бенд“ деновиве го претставија новиот сингл „Неразделни“. Со оваа песна тие го најавуваат својот 8-ми албум.

Инаку, Силви и Влатко на македонската музичка јавност за прв пат и се преставија уште во почетокот на  90-тите години, кога особено станаа популарни со големиот макфестовски хит, песната „Ангели ме носат“ и оттогаш па се’ до денес, зад себе имаат безброј настапи, хитови, музички видеоспотови. Покрај песните и естрадните настапи, тие се познати и по своите изведби на мјузиклите како што се „Коштана“ или „Ромален“, кои успешно ги изведуваат и надвор од границите на Македонија.

Во продолжение слушнете го нивното најново, своевидно автобиографско музичко оставрување, симболично насловено „Неразделни“: