Промотер

„Винил Бандитс“ излегоа од – „Сенка“ (ВИДЕО)

„Винил Бандитс“ излегоа од – „Сенка“ (ВИДЕО)

„Сенка“ е насловот на првата авторска песна на прилепскиот состав „Винил бандитс (Vinyl Bandits )“, која деновиве беше промовирана заедно со видео. Станува збор за авторско дело на вокалистот на бендот, Александар Бошкоски, кој се потпишува на музиката и стиховите, а во аранжманот му помогнаа гитаристот Илија Чакароски, басистот Давид Ангелески и Христијан Јованоски.

Песната се снимаше во студиото на Илија Мирчески, а миксот и мастерингот се на Александар Шилоски, додека видеото го реализираше Христијан Конески.

Во него учествува и дел од актерската екипа на прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“, а ако изгледа и звучи  „Сенка“ на прилепскиот рок квартет дознајте во продолжение.