Промотер

Виктор Апостоловски во еротска сеанса – „Дај“ (ВИДЕО)

Виктор Апостоловски во еротска сеанса – „Дај“ (ВИДЕО)

Mакедонски пејач Виктор Апостоловски  пред новогодишните празници  промовираше нова песна и видеоспотот за неа песна „Дај”. По танчарските квалитети кои ги покажа во летната тема насловена „Крал“, сега младиот битолчанец решил да  демонстрира и дел од својот потенцијал и умешност на водење љубов.

До душа само филмски, ама затоа прилично уверливо. Особено партнерката, младата дама Карија Илиоска која повеќе од уверливо се снаоѓа во таа улога.

Инаку и оваа песна е комплетно авторско дело на самиот Виктор, како и видеоспотот кој го реализирал самиот тој под етикетата на неговата „VA Records“.  Љубовно – еротското дејствие преполно со разголени сцени се одвива  во „Робевски Luxury apartments“ каде е снимано видеото, кое промовирајќи го на социјалните мрежи, Виктор на својот Фејсбук профил напишал:

“Не зјапајте… Слушајте го текстот и секако коментирајте и споделете! Огромна благодарност до Карија Илиоска за соработката и професионалноста!” – пишува пејачот споделувајќи благодарност и на останатите соработници кои биле дел од реализацијата на ова возбудливо видео.

Можеби во видеото нема холивудска приказна, но затоа во стиховите на песната има долично спакувана љубовно-еротска приказна од игрите за возрасни, која во кохезија со музиката зачинета со бројните еротски сцени, кај многумина или ќе ја поттикне волшебната игра на сетилата или нема ни да го догледаат видеото до крај…

Како и да е, барем еднаш  погледнете го „Дај“ па самете одлучите дали ќе го вртите на рипит или ќе биде, видено еднаш и крај?