Промотер

Виктор Апостоловски ја отпеа својата вистинска приказна – „Ме знаат“ (видео)

Виктор Апостоловски ја отпеа својата вистинска приказна – „Ме знаат“ (видео)
фото:виктор апостоловски/фејсбук

Битолчанецот Виктор Апостоловски од своето домашно студио извади уште едно свое музичко парче кое како што вели е инспирирано од реалноста.

Во неговата вистинска приказна пее за љубовта, но и за муабетите кои кружат за него, па токму затоа песната ја наслови „Ме знаат“.

-Еве ви една нова… Вистинита приказна. Муабетот не е нов, сум го праел милион пати… мање више aма никогаш вака уз музиче .Уживајте –напиша Виктор.

Песната е во модерен електронски ритам, а за видео праче Апостоловски  искористи виртуелни разговори, односно текстот на песната.

„Ме знаат“ наиде на позитивни реакции, па многумина видеото го постираа на неговиот Фејсбук профил пишувајќи му дека има одлично музичко дело по сопствена инспирација.

Што пее Виктор во „Ме знаат“ погледнете во продолжение: