Промотер

Виктор Апостоловски и Метју Хорн одново заедно запејаа… овој пат „Во името на љубовта“ (ВИДЕО)

Виктор Апостоловски и Метју Хорн одново заедно запејаа… овој пат „Во името на љубовта“ (ВИДЕО)

По првата соработка во темата „My apology “,  Виктор Апостоловски и неговиот американски компањон Метју Хорн ги здружија силите за уште еден заеднички сингл, кој го носи насловот „In The Name Of Love“.

„Е оваа песна ми е посебно драга! Мое дело, како и обично, во соработка со братот Метју Хорн… Благодарности до Ангелина Петреска шо ни го разубави видеото“…, напиша Виктор споделувајќи го новиот сингл.

„Ова е љубовна песна што ќе сакате да ја пуштите за личноста што ја сакате или воопшто ако сакате добра музика…“, додаде Метју.  Како звучи и изгледа кога Виктор и Метју пеајат „Во името на љубовта“, дознајте во продолжение.