Промотер

Васил Гарванлиев со звуци и слики од Македонија го нанижа својот музички – „Ѓердан“ (ВИДЕО)

Васил Гарванлиев со звуци и слики од Македонија го нанижа својот музички – „Ѓердан“ (ВИДЕО)

Васил Гарванлиев го претстави своето најново музичко парче насловено „Ѓердан“, кое со својот раскош и емоции е вистинско уживање за сите сетила… Струмичкиот оперски пејач, кого македонската публика го памети и како малото детенце што ја пееше „Марионка“, за својот „Ѓердан“ силите ги здружи со авторите Саша Драгиќ (музика), Весна Малинова (стихови) и Диран Тавитјан (аранжман), а резултатот е вистинско ремек-дело.

Сето тоа визуелно го дополнија Столе Ангелов, Ѓорѓи Вацев, Коста Јованов и Бојан Стоилковски, под палката на креативниот режисер Јелмаз Дервиши, а за пост-продукцијата се погрижи Бошко Столиќ.

„Ова е приказна за моќта на љубовта. Патувам пешки низ прекрасната Македонија, собирајќи камења/приказни од секоја личност што ќе ја сретнам. Секоја личност е уникатен отпечаток/врска што го гради нескршливиот ѓердан. Користам четири генерации на жени за да ја претстават нашата татковина низ времето. Ангелот ја претставува внатрешната битка што сите ја имаме и која е ослободена преку танцот… Љубовта секогаш победува“, вели Васил за својот „Ѓердан“, а како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение.