Промотер

Васил Гарванлиев преку борбата во и со себе, ја раскажа својата – „ПриКазна“ (ВИДЕО)

Васил Гарванлиев преку борбата во и со себе, ја раскажа својата – „ПриКазна“ (ВИДЕО)

Васил Гарванлиев пред неколку дена, поточно на  05.8.2020 на неговиот официјален Јутуб канал ја објави најнова песна проследена со видеозапис со наслов „ПриКазна“. Ова е негов втор проект оваа година по промоцијата на евровизиската песна „You“, со која Васил требаше да настапи на 65-тото издание на Евровизија во Ротердам, k кое беше одложено заради корона пандемијата во светот.

Верен на својот стил, естетика и скриени пораки, овојпат Васил можеме да го видиме со уште поуникатен уметнички израз низ кој ја раскажува неговата приказна преку “борбата„ во и со себе, а воедно и со се’ што во моментотов ни се случува  – прашањето со кое токму и започнува самата песна.

Автор на музиката е самиот пејач, текстот е на Тања Брковска, додека аранжманот е на неговиот долгогодишен соработник и композитор Давор Јордановски. За видеозаписот се погрижија Digital Box продукција од Охрид во соработка со Ристе Филипов и креативниот директор Јелмаз Дервиши.

„Приказна“ е дел од новиот албум на Васил кој е во завршна подготовка и се очекува да биде објавен оваа есен. Дотогаш уживајте во првата од неговите музички видеостории…