Промотер

Васил Гарванлиев пред суд на јавноста на бина во – „СудБина“ (ВИДЕО)

Васил Гарванлиев пред суд на јавноста на бина во – „СудБина“ (ВИДЕО)

Македонскиот евровизиски претставник за 2020 и 2021 година, струмичанецот Васил Гарванлиев, ја објави својата нова песна „СудБина“ со која го најавува истоимениот албум.

„Родени голи, сè друго е Суд и Бина. Овој пат приказната на спотот ја раскажав јас“, вели Васил, кој се јавува и во улога на режисер на спотот. Автор на музиката е Александар Јовевски, текстот е на Давор Каракашев, видеото кое е снимено во „Универзална сала“ – Скопје го изработи Ѓорѓи Вацев, кореографија е на Ивана Балабанова и Битрикс.

Песната е снимана во студиото „Подрумот“ на Анге Ќосев кој е потпишан и како музички продуцент, а кореографијата е дело на  Ивана Балабанова – Beatrix Dance, додека дизајнер на костимите е Методија Коцев.