Промотер

Валери избриша сè и стави – „Крај“ (ВИДЕО)

Валери избриша сè и стави – „Крај“ (ВИДЕО)

Лаунџ-барот „Етаж“ во нејзиниот роден град Велес, беше локацијата каде младата пејачка Валери Димовска  деновиве ја промовираше својата нова песна и видео со наслов „Крај“.

Станува збор за авторско дело на самата Валери и нејзиниот веќе редовен соработник и сограѓанин, композиторот, аранжер, текстописец  и продуцент Темелко Андреев, со кого заеднички ја потпишува песната, а сето тоа го визуелизирал во музичко видео Горан Симјаноски.

Покрај авторските песни,  Валери на сцената е актуелна и со повеќе соработки и гостувања, како што се дуетот со Нешо и  соработката со дуото „Сирилик“, а полека го собира и материјалот за нејзиниот прв албум.

Зошто Валери одлучи да избрише сè и да стави „Крај“, дознајте во продолжение.