Промотер

На Валери Димовска и недостасуваш – „Само ти“ (ВИДЕО)

На Валери Димовска и недостасуваш – „Само ти“ (ВИДЕО)

Велешанката  Валери Димовска, која на пошироката јавност и стана позната по учеството во ТВ шоуто „На иста адреса“ продолжува да реди одлични синглови. По последниото нејзино соло остварување „Дозволи ми“и видеото за него кои се појавија кон крајот на минатата година, еве го и најновиот во низата, кое го носи насловот „Само ти“!

Талентираната пејачка се потпишува и како авторка на музиката и стиховите, заедно со колегата Темелко Андреев, кој воедно се погрижил и за аранжманот, миксот и мастерингот на песната која е снимена и продуцирана во „Sidechain Production“.

За визуелниот дел овој пат се погрижил Горан Симјаноски, а зад видеото продукциски стои „Фабрика продукција“.

Пејачката периодов е актуелна и со одличната соработка со колегите од братското дуо „Сирилик“, гостувајќи во нивниот нов сингл „Доволни“ кој наиде на мошне позитивни реакции кај публиката, а се надеваме дека така ќе биде прифатена и „Само ти“.

Како изгледа и звучи најновото од Валери дознајте во продолжение.