Промотер

„Уживај“ во диско саунд со новата песна и лирик видео на „Браво бенд“

„Уживај“ во диско саунд со новата песна и лирик видео на „Браво бенд“

Македонската поп група „Браво бенд“ има нова песна, проследена со лирик видео. Кадровски подновена кога се во прашање членовите на бендот, тие направија и мал музички лифтинг на својот стил и правец на музицирање. Новите луѓе внесоа нова енергија во бендот чија хемија помеѓу членовите дава нови музички резултати кои се огледаа и во најновото издание на „Браво бенд“, песната насловена „Уживај“!

Темата е направена во диско/фанки стил од 80-ите, се разбира во модерен аранжман и современа продукција, што е одлична понуда за танцување и расположение во овие предпразнични празнични денови.

Музиката е на гитаристот на бендот Драган Илиев, стиховите се на Слободанка Марковачева – Илиева, додека аранжманот го потпишува Горан Гешовски.

Во недостаток на време да сними комплетен видеоспот заради многубројните ангажмани и настапи, „Браво бенд“ најде време својата најнова тема да врами во своевидно „лирик видео“ од кое нивните поклоници полесно ќе научат да ја пејат песната, преслушувајќи ја на Јутјуб каналот.

А како звучи и што содржи „Уживај“, проследете уживајќи, во продолжение.