Промотер

„U & I“, нов сингл и видео на македонскиот бенд „Би-ди-ем“ (ВИДЕО)

„U & I“, нов сингл и видео на македонскиот бенд „Би-ди-ем“ (ВИДЕО)

„Парагон рекорд лејбл“ (Paragon Record Label) ви го претставува најновиот сингл на  „Би-ди-ем“ (BDM), чиј наслов е „U & I“. Овој интерконтинентален проект, со седиште во Скопје, продолжува да работи на својот деби-албум, презентирајќи ја својата музичка поливалентност и познавање на различни музички жанрови преку својата музика.

Зад микрофонот е суперталентираната и харизматична Калин (Khaleen), која што доаѓа од Јамајка и за првпат соработува со македонски артист.

„U & I“ е веќе достапна на сите светски онлајн музички платформи, вклучувајќи ги Ајтјунс, Спотифај, Гугл плеј, Епл мјузик., Дизер и Шазам.

Видеото за „U & I“ го работеше тим од професионалци кои ја преточија аудио-атмосферата во вистинска видеографска уметност, додека монтажата е дело на Владимир Митревски-Ѓуле.