Промотер

Триото „21 век“ го промовираа видеото – „Ќе завршам под мостот“ (ВИДЕО)

Триото „21 век“ го промовираа видеото – „Ќе завршам под мостот“ (ВИДЕО)

Составот „21 век“ го промовираа спотот за песната „Ќе завршам под мостот“, а во кафулето „Винил“ имаше и слушачка промоција на нивниот деби албум, насловен по името на бендот – „21 век“.

Бендот го сочинуваат: Васко Атанасовски, Раде Јовановски и Дени Крстев. Нивниот албум првенец е издаден од „Балкан Велики“, а е создаден и снимен од јули до септември годинава во скопското студио „1060“. На 16 ноември триото ќе го промовира материјалот  и на нивниот деби концерт.

Режијата на видеоспотот ја потпишува Милан Блажевски, кој е одговорен и за кадрите на камерата заедно со Јосип Здравковски.

Слушнете и погледнете ја „Ќе завршам под мостот“ на „21 век“: