Промотер

Трио Гавровски со песна и видео за нашата мила земја, за тебе мајко – „Македонијо“ (ВИДЕО)

Трио Гавровски со песна и видео за нашата мила земја, за тебе мајко – „Македонијо“ (ВИДЕО)

„За вас кои се радувате и плачете на македонски, за сите вие кои легнувате и се будите со помисла за неа, чувствувате огромна почит и љубов кон неа, Ете токму Вам Ви ја посветуваме оваа песна сега веќе овековечена со визуелен запис. Среќен празник земјо мила. Чествувај и празнувај за навек наша Македонијо“ – беше пораката со која членовите на триото Гавровски го промовираа видеото за новата песна отсвирена и испеана во духот на изворниот народен фолклор, насловена „Македонијо“.

Видеозаписот беше промотивно пуштена во етерот преку Јутјуб каналот за празникот „11 Октомври“, а во реализацијата на песната и спотот учествуваа:

Музика и Аранжман : Јован Василевски
Текст: Мирослав Гавровски
Директор на фотографија: Ненад Велковски
Режисер: Милчо Силјановски
Продуцент: Ѓорѓе Богдановски
Дрон оператори: Ѓорѓе Богдановски / Димитар Бирачоски

Оркестарот на изворни инструменти го сочинуваат музичарите: Оливер Настовски-Батка, Андреј Трајковски и Роберт Ангеловски.

Учесници во песната и видеото, како и нејзини изведувачи се семејната група Трио Гавровски, Милорад, Васо и Мирослав Гавровски, Снежана Гавровска, Марко Гавровски.