Промотер

Тракер со нов спот во друштво на уште една убавица: Луна, дај – „Гас“ (ВИДЕО)

Тракер со нов спот во друштво на уште една убавица: Луна, дај – „Гас“ (ВИДЕО)

Младиот трап артист Тракер кој се’ уште е актуелен со хитот „Црна мечка“ во кој гостува Таско,  промовираше необичен видео спот, овој пат со песна во дип хаус (deep house) стил. Во него ни покажува како изгледаат неговите 3 дена каде е во друштво на преубавата Луна.

Во видеото може да се види како Тракер и Луна спонтано и опуштени се подготвуваат за снимањето на првиот видео запис на Луна. За добре дојде на Луна во семејството на Урбан како поддршка во видеото можеме да ги видиме и дел од останатите членови на екипата, а од последните кадри од ова видео можеме да забележиме дека спотот што се најавува ќе изгледа модерно и светски.

Видеото се снимаше во неколку  локали низ населбата Аеродром, во музичкото студиото на Ивајо и во Про Лајт Студио. Спототи овој пат изработи Гордан Божиновски – Год Ај Продукција.

Музиката е на Тракер, Аранжман/Бит,микс и мастеринг на Иван Јованов – Ивајо.

Таа е дива, нескротлива, таа е сензуална и секси, впечатлива, ексцентрична и со стил…Таа е се, само обична не. Запознајте ја убавицата Луна, вториот женски артист на Урбан Рекордс, чие  време допрва доаѓа..

Веќе следната недела кога ќе биде и официјалната промоција на нејзиниот прв сингл „Мирисаш на куш“, а дотогаш уживајте во спотот што претставува како најава за тоа… „Иде Луна – дај  „Гас“.