Промотер

Тони Зен со новороденото синче во „Тишина“ (ВИДЕО)

Тони Зен со новороденото синче во „Тишина“ (ВИДЕО)

Тони Зен го претстави новото видео што го сними за една од песните на актуелниот албум „Од изворот на изборот“, кој го промовираше во мај годинава.

Станува збор за темата насловена „Тишина“, авторско дело на самиот Тони и Кирил Бабамов, а во нејзиното создавање учествуваа и Ратко Даутовски на перкусии, Мартин Јосифовски на бас-гитара и Борислав Веселинов на флејта. Инженер на звук е Бојан Филиповски, а миксот и мастерингот се на Мите Димовски. Тони се потпишува и како автор на сценариото и продукцијата, а режијата му е заедничка со Били Ди. Светлото е на Христо Езовски, а изгрејсонцето го „улови“ Никола Клинчаров.

„Лесно е да имаш многу, кога многу има. Лесно е да направиш во песокот прашина. Лесно е да избегаш по патот во кривина. Лесно е да направиш галама, да те видам направи тишина“, пее Тони во својата нова песна, во чие видео може да се види и неговото синче Јасен.

Инаку, „Тишина“ е четвртата од вкупно осумте песни што се сместени на новиот албум, а како изгледа и звучи сето тоа, дознајте во продолжение.