Промотер

Тони Шоу прослави 15 години „естрадно возење“ со – „Она ме вози“ (ВИДЕО)

Тони Шоу прослави 15 години „естрадно возење“ со – „Она ме вози“ (ВИДЕО)

По повод 15 години естрадна соло кариера под уметничко име  „Тони Шоу“, вчеравечер, среда,  26 септември 2018,  во 20.30 часот  во скопското бистро „Бугати“ македонскиот поп изведувач пред претставниците на медиумите, колегите, соработниците, спонзорите и пријателите ја  промовираше новата песна и видеоспотот за неа насловени “Она ме вози”.

Музикатата и стиховите како автор ги потпишува е самиот Тони Шоу, додека  аранжманот го направил неговиот пријател, колега и соработник, гитаристот  Стевче Грозданов. Песната снимено во студио „Ентерпрајс“ кај  познатиот продуцент, музичар и професор по музика Валентино Скендеровски.

Спотот е изработен во сопствена режија под етикаета на “Тони Шоу МК мјузик” со помош на  видеоснимателот Здравко Петрушевски, додека спотот го режирал Стевче Грозданов.

Видеото е снимено на неколку локации во Скопје, фудбалското игралиште на ФК Македонија и бистрото Бугати.

Инаку, во својата 15 годишна соло кариера Тони има десеттина фестивалски настапи, дваесеттина авторски песни, како и еден албум – “Слатка мала”.  Вториот албум е на половина пат, а овој македонски музички уметник досега снимил и 6 спота, меѓу кои и оној за кавер верзијата на  големиот хит од 90-ите “Слуга и цар” на дуото „Коктел“.

Како звучи најновата доза  полнокрвен рок ен рол преточена во „Она ме вози“ на Тони Шоу и како изгледа нејзината едноставна, но мошне забавна и интересна визуелизација, проследете во продолжение: