Промотер

Томи Тасев и Симеон Коруноски заедно во – „One Look, оne ѕmile“ (ВИДЕО)

Томи Тасев и Симеон Коруноски заедно во – „One Look, оne ѕmile“ (ВИДЕО)

По одличното минатогодишно деби „Broken“, струмичкиот продуцент  Томи Тасев, продолжува со исто темпо и со новиот потенцијален хит насловен „One Look, One Smile“, за кој ги здружи силите со својот кичевски колега Симеон Коруноски. Музичарите се потпишуваат и како автори на песната, односно продукцијата и стиховите се на Тасев, музиката им е заедничка со Симеон, а за аранжманот им помогна Иле Спасев. 

Сето тоа визуелно го дополни Ѓорѓи Вацев, а во видеото снимено на повеќе локации, вклучувајќи го и култниот „Порта џез“ во Битола, покрај Томи и Симеон се појавуваат уште и Тамара Томашевиќ и Васко Ѓоргиев, како иХристијан Ѓаковски, Борис Наков, Игор Георгиевски, Филип Каранфиловски, Филип Николоски, Тале Пасовски и Кристијан Божиновски.

За Коруноски ова е прва песна после минатогодишниот летен хит и прва авторска песна „Каде сме“, која стигна непосредно по соработката со битолскиот продуцент Кортекс за одличната „Don’t You Know“,  па се надеваме дека наскоро ќе нè почести барем со уште едно авторско дело.

Како звучи и изгледа оваа струмичко-кичевска соработка дознајте во продолжение: