Промотер

Томи и Полина дебитираат со „Broken“ (ВИДЕО)

Томи и Полина дебитираат со „Broken“ (ВИДЕО)

Првенчето на младиот  диџеј и продуцент Томи Тасев кој за темата насловена „Broken“ ги здружи силите со својата братучетка Полина Тасева, а крајниот резултат е навистина воодушевувачки.

Талентираните струмичани се вистинско освежување на домашната музички сцена и сигурни сме дека најдобро од нив допрва доаѓа.

„Broken“ е авторско дело на самиот Томи, чиј потпис стои на музиката, а стиховите му се заеднички со Давид Димовски, додека аранжманот е на Иван Петровски.

Сето тоа го визуализираа Сашо Достинов и Ѓорѓи Вацев, со поддршка од „Лолипоп ентертејнмент груп“. Како звучи и изгледа ова одлично дебитантско парче на младите струмичани, дознајте во продолжение.

Извор:РадиоМК