Промотер

„Тие се насекаде“: СМАТ го „испукаа“ „Последниот куршум“ (ЛИРИК ВИДЕО)

„Тие се насекаде“: СМАТ го „испукаа“  „Последниот куршум“ (ЛИРИК ВИДЕО)

Македонскиот бенд „Смат“  ( SMUT) ја највуваат промоцијата на новиот албум „Тие се насекаде“ кој е снимен во студиото „Поларити“. За снимањето се погрижи Горан Ристевски, а миксот и мастерингот беше изработен од Греми номинираниот Ермин Хамидовиќ. За обвивката на албумот се погрижи пријателот на „Смат“, Васил Васев од Бугарија, кој е долгогодишен соработник на бендот и секогаш го доловува визуелниот аспект на „Смат“, кој за визуелната перспектива на новото издание објаснува: „Идејата зад насловната страна беше да се стават сите актери кои се директно поврзани со целата приказна вклучувајќи го и главниот лик Мерлин, кој е заштитен знак на бендот повеќе од 10 години. Повеќето бендови од овој стил ставаат костури, демони како симболика, но ние сакавме да ги ставиме вистинските ликови на актерите и лицата што ни се познати! Доловувајќи го сето тоа во амбиентот од легендарната слика ‘Тајната вечера’“.

Промоцијата е од отворен карактер и ќе се одвива во „Пасворд плејс“ (поранешно „Џуси бар“), наспроти италијанската амбасада во центарот на Скопје со почеток од 20.00 часот,  на  9 мај, денот на ослободувањето од фашизмот.

Од материјалот на овој албум на „Смат“,  по првиот сингл – „Што ако ѓаволот си ти“ , ви го претставуваме вториот, насловен:  „Последниот куршум“ заедно со лирик видеото за него: