Промотер

„The G Notes“ ви презентираат што е тоа „гевгелиско кантри“ во баладата – „Shine On Me“ (Lyrics video)

„The G Notes“ ви презентираат што е тоа „гевгелиско кантри“ во баладата –  „Shine On Me“  (Lyrics video)

По подолга пауза,  братско-сестринскиот авторски тандем Глигор и Теодора Гошеви, кој ја предводи гевгелиската група „The G Notes“ која зад себе има 7 песни  испеани на англиски и на македонски јазик, се огласи со нова песна. Нејзиниот наслов е „Shine On Me“, а таа и овој пат таа е испеана на англиски.

По промоцијата на „All I Need Is You“, гевгеличаните најавуваа издавање двоен, македонско-англиски албум чие излегување не се случи или барем не осамна таква вест во пошироката јавност.

Како и да е, новата  „Shine On Me“, звучи како проверена акустична, американска кантри балада, во која покрај лесните ноти проследени со звуците на гитарата, клавирот и ритамот, доминира певливиот рефрен и пријатниот вокал на Теодора.

Како автори на новата песна се потпишуваат Глигор Гошев (музика и аранжман) и Теодора, која покрај вокалните делници ги напишала и стиховите за песната.

„Shine On Me“ нее визуелизирана со класичен спот, туку е проследена со едноставно, но симпатично лирик видео, кое визуелно колоритно го бои музичкиот амбиент и атмосферата што го создава песната.

Како сето тоа спакувано изгледа и звучи,  дознајте во продолжение.