Промотер

„Тhe chicks“ снимија кавер за „Доживотно“ на Елена Ристеска (видео)

„Тhe chicks“ снимија кавер за „Доживотно“ на Елена Ристеска (видео)

Трите девојки од Велес, „The Chicks“  пред две години запливаа во музичките води и ја освоија публиката со својот талент и  музика, а денес нивната агенда е полна со настапи, а пак од публиката добиваат премногу поддршка.

„The chicks“, Наталија Мејанџиева, Сандра Јорданова и Моника Ѓорѓиева се познати по своите кавери.

Во саботата во Кафе Драма во Велес го промовираа каверот за песната „Доживотно“ од Елена Ристеска.

Аранжманот е на музичкиот продуцент Дино Зукиќ, во чие домашно студио – Dino’s Home Studio песната е снимена. Видеото го изработи видео продукцијата Тулип Про, под режисерската палка на Данчо Стефков.

Трите девојки снимија и видео запис, еве како изгледа нивниот нов кавер.