Промотер

„Темпера“ со нов музички повик – „Дојди“ (ВИДЕО)

„Темпера“ со нов музички повик – „Дојди“ (ВИДЕО)

Позитивни, енергични и со полно срце рок ен рол, македонскиот музички бенд „Темпера“ повикуваат на „весел исход и неконтролиран бој“ како одговор на новата реалност.

„Дојди“ е петти сингл во низа од новиот материјал по дебитанскиот албум „Играј!”

„Дојди” чиј композитор е басистот Ѓоле Максимовски на стихови на пејачката Тања Тас  е песна исполнета со динамична ритмика, вокални и гитарски хармонии, спој на ретро и модерен звук оплеменет со виртуозноста на Петар Христов, кој гостува на саксофон.

Видео спотот за песната го изработи Александар Ристовски-Принц.

Снимена, микасана и продуцирана во „Тралала“ студиото на Мите Димовски – тапанарот на групата, музички продуцент и приватно сопруг на вокалот  Тања Тас,  покрај која во бендот уште членуваат и Драган Гиновски Гино – гитара и Ѓоле Максимовски – бас гитара.

Слушнете и погледнете како звучи изгледа кога „Темпера“  те повикува со… „Дојди“: