Промотер

ТЕА ги раскажа чаршиските муабети во – „Бла, бла, бла“ (ВИДЕО)

ТЕА ги раскажа чаршиските муабети во – „Бла, бла, бла“ (ВИДЕО)

Теодора Трајковска или едноставно само Теа има нова песна и видсеоспот за неа насловен „Бла, бла, бла“. Ова е прва песна од неа годинава и доаѓа по минатогодишната тема „Пекол“, и истата го најавува долгоочекуваниот деби-албум на младата пејачка, чиј материјал ќе биде комплетиран наскоро.

Теа и овој му ја довери соработката на проверениот и докажан македонски хитмејкер Лазар Цветкоски, кој се потпишува на музиката, аранжманот и на продукцијата, додека стиховите ги напиша самата таа.

„Ова е песна во која ќе се пронајдат сите девојки, затоа што станува збор за ’чаршиски’ муабети кои можат дури и да растурат една љубовна врска“ –  со овие зборови Теа го објаснува својот нов сингл насловен „Бла, бла, бла“, кој викендов ( 25 мај, 2018) беше премиерно промовиран заедно со  урбаното видео, кое го реализираше продукцијата „Пирамид“, под режисерската палка на Кристијан Шемко.

Како звучи  и изгледа најновото од Теа дознајте во продолжение: