Промотер

Татјана повторно се активираше со „Таму кај што припаѓам“ (видео)

Татјана повторно се активираше со „Таму кај што припаѓам“ (видео)
фото:принтскрин/јутјуб

„Таму кај што припаѓам“ е насловот на новата песна на младата пејачка Татјана, која минатото лето се појави на музичката сцена синглот „On My Mind“ кој го отпеа заедно со Марија Ивановска од „Ај кју“.

Татјана овој пат силите ги здружи со Дина Јашари, која е автор на музиката и текстот, додека аранжманот и продукцијата се на Иван Јованов – Ивајо.

фото:принтскрин/инстаграм

Новиот сингл е издаден за „Урбан глобал“, а визуелно е реализиран од продукција „Год-ај“ (GodEye Producton), во режија на Гордан Божиновски.

Погледнете: