Промотер

Татијана Стефановска со чалгаџиска песна – „Горчлив шеќеру“ (ВИДЕО)

Татијана Стефановска со чалгаџиска песна –  „Горчлив шеќеру“ (ВИДЕО)

Позната македонска фолк пејачка  на своите обожаватели по долга пауза им го подари својот нов музички дар во вид на песна, насловен „Горчлив шеќеру”.

Низ песната провејува мелос со чалгиско-ориентална нишка која на прва  освојува.

Љубовта и понатаму останува неисцрпна инспирација за секој текстописец и изведувач, па така е и овој пат кога се во прашање стиховите на песната кои овој пат ги напишала Катерина Солаковска, додека музиката и аранжманот се  на Златко Миладиноски. Уште по првото слушање се чини дека тие одлично си ја завршиле работата.

 

 

“Песната се снимаше уште во септември, но заради ситуацијата со короната чекавме погоден момент да ја објавиме. Сега се надеваме и дека ќе почнеме да работиме, па еве како за почеток едно убаво склопено музичко освежување. Нешто многу поразлично од се’ што сум снимила претходно”- изјави Татијана во краткиот разговор за „Балкан мјузик“.

 

За песната нема специјално снимен видеоспот, туку целата чалгаџиска атмосфера е пренесена со настапот на Татијана и токму така склопениот чалгија оркестар во студио, а сето тоа снимено во продукција на Арт Студио.