Промотер

Таско, новата македонска хип-хоп ведета ви ја претставува – „Вендета“ (АУДИО)

Таско, новата македонска хип-хоп ведета ви ја претставува – „Вендета“ (АУДИО)

„Урбаната банда“ од аудио и видео продукцијата „Урбан рекордс“ која егзистира од 2009 година и е во непосредна спрега со маркетинг и ПР агенцијата „Иноватива“ на Слаткаристика и Сања Николиќ, однеодамна може да се пофали со уште едно свое аудио-видео парче.

Непосредно пред соработката со Слаткаристика во темата „Марадона“, каде заеднички ги напишаа стиховите,  Христијан Тасковски – Таско, има и заедничка песна со Јосиф насловена „Вендета“.

Се разбира по принципот:  „јас (кај) тебе – ти (кај) мене“, одново потпомогнат од уште еден член од „урбаниот музички клан“, Марио Јелиќ – Кун ( од дуото „2 Бона“), кој ги потпишува миксот и мастерингот на темата, додека музиката е на Дај Рич.

Секако за се’ да остане во „Урбан рекордс“ куќата се погрижил и Борис Тасковски, кој го направил графичкиот ковер дизајн, а успешно работи веќе три години како фотограф и графички дизајнер за потребите на Урбан Рекордс и воедно како менаџер на Таско.

Како звучи „Вендета“ на  новата македонска хип-хоп ведета, Таско, проследете во продолжение.

Останати вести од Промотер